Авион на Владата веќе заминал за Германија, од каде што треба да го донесе Јохан Тарчуловски, објави „Утрински весник“.
Составот на македонската делегација која замина да го пречека Тарчуловски се чува во тајност. Тарчуловски беше осуден на дванаесетгодишна казна затвор во 2001 година.
Претходно „Република“ објави дека неделава Тарчуловски се враќа дома.
Претседателот на Хашкиот трибунал донесе одлука со која тој се ослободува од понатамошното издржување на казната.
Ослободувањето го потврди и неговиот адвокат Антонио Апостолски, кој вели дека „одлуката е очекувана бидејќи комплетно е запазена процедурата за негово пуштање на слобода и со оглед на тоа што се исполнети сите услови за тоа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.