| четврток, 6 декември 2018 |

Во тек е потрага по киднапираните Срби во Либија

­ Државниот секретар во српското Министерство за надворешни работи, Вељко Одаловиќ, изјави дека денеска од либиските власти добиле уверување дека киднапираните српски службеници ќе се вратат во следните 48 часа, што, како што додаде, значи дека киднаперите се лоцирани. ­

lib

– Имаме уверување кое ни го дадоа и очигледно е дека киднаперите се лоцирани и дека не ги минале пунктовите надвор од градот. Очигледно се во градот, така што се надеваме дека тоа што го прават либиските власти ќе донесе резултати – изјави Одаловиќ за РТС.

Тој истакна дека мерките за безбедност во Либија се кренати на највисоко ниво и дека се прават напори киднапирањето на двајцата службеници на Амбасадата на Србија во Либија да се реши што е можно побрзо . ­

– Локалните припадници на безбедносните сили прават големи напори проблемот да се реши што е можно побрзо. Мерките за безбедност се подигнати на највисоко ниво, така што, очигледно е дека постои подготвеност на либиските власти да ја решат ситуацијата – рече Одаловиќ.

Тој изјави дека е во постојан контакт со амбасадорот на Србија во Либија, Оливер Потежиц, кој исто така бил во колоната возила, од која се киднапирани двајцата службеници и додаде дека е очигледно дека киднапирањето било планирано.

Двајцата службеници Слаѓана Станковиќ и Јовица Степиќ се киднапирани вчера во градот Сабрат во Либија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top