Иако веќе четврти натпревар во Примера дивизија актуелниот шпански шампион Барселона го игра без најдобриот фудбалер Лионел Меси, победите не изостануваат. Денеска на „Камп Ноу“ беше совладана екипата на Вилјареал со 3-0 и тоа во режија на бразилскиот виртуоз Нејмар кој во изминатиот месец и пол без Меси, тој ја презема улогата на лидер во тимот.
Токму Нејмар беше стрелец на два гола за каталонскиот гигант, додека третиот беше дело на Луис Суарез од пенал откако претходно во казнетиот простор беше соборен Мунир. „Жолтата подморница“ неможеше ништо повеќе да стори во овој натпревар и останува на петтото место на табелата со 20 бода.
Оваа победа е добра увертира за Барселона во пресрет на големото дерби против Реал Мадрид, што ќе се игра на 22 ноември на „Сантијаго Бернабеу“.
FC Barcelona vs Villareal 3-0 All Goals… by HDFootball2015
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.