| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре не очекува уште потопло време

Стабилно, сончево и суво време е прогнозата за денеска и за наредните три дена. Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер, а попладне во северните делови ќе има умерено наоблачување.

Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од 15 до 22 Целзиусови степени.

Продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време. Преодно наоблачување поизразено во северните делови од земјата ќе има во текот на денешнот ден. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец поизразен денеска и во вторник. Ова ќе биде причина за благ пораст и одржување на повисоки утрински температури.

Од утре, под влијание на потопла воздушна маса во пораст ќе бидат и дневните температури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top