Две лица загинаа при пад на спортски авион денеска во Словенија, потврди словенечката полиција.
Несреќата се случила во Добрнбеж во близина на Словенски Коњиќ. Загинатите се словенечки државјани на возраст од 37 и 22 години.
Ултралесниот мал авион полетал од спортски аеродром во местото Лоче. Непосредно по полетувањето авионот почнал нагло да губи висина и паднал.
Причините за несреќата се уште не се познати, а во тек е истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.