| четврток, 6 декември 2018 |

„Сандеј Експрес“ : Бомбашите на рускиот авион зборувале со британски акцент

ruski avion

Британски безбедносни експерти веруваат дека исламски екстремистички џихадисти од Велика Британија, се наоаѓаат зад соборувањето на рускиот патнички авион над Синајскиот Полуостров, пишува „Сандеј Експрес“.

Весникот се повикува на извори во британското разузнавање, според кои,  оперативците на главниот британски прислушен центар, уловелиле гласови со акцент на англискиот јазик од реонот на Бирмингем и Лондон, додека го прославувале соборувањето на рускиот „Ербас-А321“.

Изворите на кои се повикува овој неделен весник, тврдат дека „британски џихадисти ја произвеле бомбата„ што потоа била внесена во авионот, пред да полета од Шарм ел Шеик, инсистирајќи на масивните пропусти во безбеднста, во делот кај багажот на патниците.

Британските експерти веруваат дека многу од безбедносните камери на аердромот и во делот каде се скенураат куферите не работеле, но и дека џихадистите од Исламска држава. успеале да инфилтрираат голем број екстремисти во туристичкиот центар во Шарм ел Шеик, кој работеле во баровите и рестораните и во тамошните хотели, во кои најголем број од нив се странски туристи.

Во Египет има голем број исламисти и џихадисти од Британија, посебно од реонот на Бирмингем, каде има бројна муслиманска заедница и од цетрална Англија и Лондон, кои се вклучени во редовите на ИД. Тие се добро обучени на сириската територија, во камповите на ИД за терористичка борба, а од Британија имаат и солидна обука за работа со електронски материјали и техника, па затоа од нив може да се очекува да произведат софистицирана бомба.

Главниот британски прислушен центар има уловено и интернет комуникација, од реонот на Синај и од Египет, што го потврдува верувањето дека британски џихадисти се вклучени во заговорот за соборување на рускиот авион.

Бебзедосните експерти веруваат дека нападот врз рускиот авион е реакција на ИД за руските напади врз нивните позиции во Сирија, но предупредуваат дека тие луѓе, сега може да се свртат и кон својата земја, извршувајќи вакви напади и врз британски аиони, на некои од домашните аеродроми.

– Безбедноста на британските аеродроми е мошне висока, но никогаш не може да се биде 100 отсто сигурен, рекол за „Сандеј Експрес“ еден од експретите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top