| четврток, 6 декември 2018 |

Андријана Јаневска: Да не се споредуваме со оние кои имаат повеќе од нас, секогаш ќе бидеме фрустрирани и несреќни

andrijana janevska

Да бидеме среќни со она што го имаме – порача македонската пејачка Андријана Јаневска преку нејзиниот фејсбук профил.

-Како себеси се терам да размислувам позитивно:
Кога Димитар ќе расфрла во истата минута кога сум исчистила, помислувам како некои жени се’ би дале само за да почувствуваат како е да се биде мајка.
Кога долго чекам на семафор во кола, помислувам како некој воопшто нема кола.
Кога некој студент нема да најави отсуство, наместо да чекам до другиот час, излегувам на прошетка без никаква цел (која, кога би дошол студентот не би си ја дозволила). Тогаш сфаќам дека и услуга ми направил.
Кога ќе се разболи некој од синовите, помислувам дека тие болести се минливи, дека има лек и дека ќе оздрават.
Кога имам многу обврски, помислувам како ќе можам да си дозволам да му ја купам на Димитар колата што ми ја збори со месеци.
Кога нема да имам обврски, помислувам колку е убаво што сум постојано со децата.
Поентата е никогаш да не се споредуваме со оние кои имаат повеќе од нас, зашто веројатно секогаш ќе имаат повеќе и секогаш ќе бидеме фрустрирани и несреќни, а почесто да ни текнува дека има многу луѓе кои имаат помалку. Да бидеме среќни со она што го имаме, оти на крај, само тоа е и поентата: да живееме среќно. – напиша таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top