| четврток, 6 декември 2018 |

„Нема да дозволам расцепување на македонското национално ткиво“

Ова во Ма­ке­до­ни­ја е би­тка за Ма­ке­до­ни­ја. За тие на кои тоа не им е јас­но до­се­га, ова е до­бар ден да го наг­ла­си­ме тоа. Би­тка­та е мно­гу по­го­ле­ма од днев­ни­те аван­ту­ри на опо­зи­ци­ја­та, ко­ја свес­но се ста­ва во уло­га на ала­тка. Оваа би­тка ќе се ре­ши на из­бо­ри­те на 24 април. Ова е Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и ние мо­ра да истра­е­ме и да од­го­во­ри­ме же­сто­ко на си­те пре­диз­ви­ци со кои се со­о­чу­ва­ме - по­ра­ча во сво­јот го­вор пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски на Све­че­на­та ака­де­ми­ја на Де­нот на ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на бор­ба

Де­нес има­ме др­жа­ва, де­нес Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е су­ве­ре­на, не­за­вис­на и са­мо­стој­на др­жа­ва на Бал­ка­нот. Се­пак, тре­ба да би­де­ме вни­ма­тел­ни за­тоа што ми­на­то­то отсе­ко­гаш нè по­тсе­ту­ва­ло на без­вре­мен­ски­те чо­веч­ки ви­сти­ни, а исто­ри­ја­та е еден чу­ден си­стем за ра­но пре­ду­пре­ду­ва­ње, по­со­чи пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски од Све­че­на­та ака­де­ми­ја на Де­нот на ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на бор­ба. Во сво­јот го­вор се освр­на на исто­ри­ја­та, на акту­ел­ни­те слу­чу­ва­ња, но и на ид­ни­на­та од ас­пект на пре­мре­жи­ња­та низ кои ми­ну­ва ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво.

– Ка­ко пре­ми­ер на Ма­ке­до­ни­ја, кој ја до­бил до­вер­ба­та да ги ра­ко­во­ди про­це­си­те во еден одре­ден пер­и­од, не­ма да доз­во­лам рас­це­пу­ва­ње на ма­ке­дон­ско­то на­ци­о­нал­но тки­во и не­ма да доз­во­лам опре­де­ле­на по­ја­ва да ги за­гро­зи вред­но­сти­те и прав­ци­те на оп­ста­нок на на­ша­та на­ци­ја. И во си­ту­а­ци­ја да не би­дам под­др­жан во тој мој по­ход од дру­ги­те за­сег­на­ти стра­ни, по­ли­тич­ки­от ка­пи­тал што би го по­тро­шил на кра­ток рок пре­ку не­ко­ја от­стап­ка, ком­про­мис, ши­ро­чи­на на до­ма­шен план за да ус­пе­ам во ос­тва­ру­ва­ње­то на сво­ја­та цел за обе­ди­не­тост и за за­ед­ниш­тво за врв­ни­те точ­ки од на­ци­о­на­лен и од др­жа­вен ин­те­рес, е ми­но­рен во спо­ред­ба со исто­ри­ска­та ди­мен­зи­ја на пре­зе­ме­ни­от че­кор – наг­ла­си Гру­ев­ски на Де­нот на ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на бор­ба.

Ние гра­ѓа­ни­те што жи­ве­е­ме ту­ка, до­да­де тој, се­ко­гаш мо­же­ме да нај­де­ме по­ве­ќе и по­го­лем број за­ед­нич­ки точ­ки и пла­тфор­ми, откол­ку не­кој што не е од ту­ка.

– Да, ние има­ме при­ја­те­ли, кои са­ка­ат да ни по­мог­нат во по­стиг­ну­ва­ње­то на за­ед­нич­ки­те це­ли, но ќе по­ка­же­ме сла­бост пред нас са­ми­те и пред дру­ги­те ако ја тро­ши­ме на­ша­та енер­ги­ја за да се оцр­ни­ме ме­ѓу се­бе, да си на­па­ко­сти­ме, да се за­кр­ви­ме и да се ос­ла­би­ме. Не, ние мо­ра да по­ка­же­ме и ка­па­ци­тет и ка­ра­ктер, кој ќе нè на­пра­ви и по­ве­ќе по­чи­ту­ва­ни над­вор и по­ве­ќе среќ­ни до­ма. Не изг­ле­да до­бро ко­га од­над­вор ба­ра­ме по­мош и со­јуз­ни­ци ед­ни про­тив дру­ги – истак­на Гру­ев­ски.

 

До­го­во­рот е ја­сен и на­пи­шан и тре­ба да се по­чи­ту­ва

До­го­во­рот од ју­ни и од ју­ли во Скоп­је тре­ба да се по­чи­ту­ва во це­лост, ка­ко што е до­го­во­рен и на­пи­шан, без про­ши­ру­ва­ња од рам­ки­те во кои е по­ста­вен и без раз­ни тол­ку­ва­ња и до­пол­ну­ва­ња во за­вис­ност од по­ли­тич­ки­те ин­те­ре­си на пар­ти­и­те, истак­на Гру­ев­ски во сво­е­то обра­ќа­ње.

– До­го­во­рот е ја­сен и на­пи­шан и тре­ба да се по­чи­ту­ва. Тој до­го­вор не мо­же да слу­жи ка­ко пој­дов­на точ­ка за но­ви пре­го­во­ри, за но­ви до­го­во­ри од кои по­чет­на точ­ка е тој до­го­вор. Се­кој по­ли­ти­чар и се­кој што са­ка да по­мог­не во ре­а­ли­за­ци­ја­та на по­ли­тич­ки­от до­го­вор тре­ба да при­ста­пу­ва со ма­кси­мал­на се­ри­оз­ност, од­го­вор­но и по­све­те­но. Тре­ба да го по­чи­ту­ва тој по­стиг­нат до­го­вор – наг­ла­си Гру­ев­ски.

Ос­нов­на и единс­тве­на цел на до­го­во­рот е да се ор­га­ни­зи­ра­ат из­бо­ри на кои на­ро­дот ќе мо­же да од­лу­чу­ва во фер и де­мо­крат­ски ус­ло­ви, кои не­ма да соз­да­дат сом­неж за не­ед­на­квост, ди­скри­ми­на­ци­ја или фа­во­ри­за­ци­ја. Ми­ни­стри­те и за­ме­ни­ци­те со пра­во на ве­то во сог­лас­ност со до­го­во­рот, тре­ба да оси­гу­рат ба­лан­си­ра­ност на ин­сти­ту­ци­и­те.

– Тие тре­ба да ја обез­бе­дат де­мо­кра­ти­ја­та, а не да би­дат ала­тки во по­ли­тич­ка­та функ­ци­ја. Тие тре­ба да го бра­нат, а не да го на­па­ѓа­ат пра­во­то на глас. Тие тре­ба да не доз­во­лат вли­ја­ни­ја на ин­сти­ту­ци­и­те во из­бор­ни­от про­цес, а не да има­ат вли­ја­ние во из­бор­ни­от про­цес – ре­че Гру­ев­ски, кој се на­до­вр­за де­ка на ист на­чин тре­ба да дејс­тву­ва и спе­ци­јал­ни­от ја­вен об­ви­ни­тел.

– Ние не­ма­ме од што да стра­ву­ва­ме. Са­кам да ве­ру­вам де­ка и на­ши­те по­ли­тич­ки кон­ку­рент­ни не­ма од што да стра­ву­ва­ат. И не тре­ба да стра­ву­ва­ме ед­ни од дру­ги, тре­ба да стра­ву­ва­ме са­мо од на­ро­дот. Јас ба­рам на­ро­дот да од­лу­чи ко­му му ве­ру­ва – наг­ла­си тој.

 

Би­тка за Ма­ке­до­ни­ја

– Де­нот на ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на бор­ба е ден за да се по­тсе­ти­ме си­те де­ка ова е на­ша зем­ја и де­ка на­ро­дот на Ма­ке­до­ни­ја од­лу­чу­ва за неј­зи­на­та ид­ни­на, по­тсе­ти Гру­ев­ски.

– Ова во Ма­ке­до­ни­ја е би­тка за Ма­ке­до­ни­ја. За тие на кои ова не им е јас­но до­се­га, ова е до­бар ден да го наг­ла­си­ме тоа. Би­тка­та е мно­гу по­го­ле­ма од днев­ни­те аван­ту­ри на опо­зи­ци­ја­та, ко­ја свес­но се ста­ва во уло­га на ала­тка. Оваа би­тка ќе се ре­ши на из­бо­ри­те на 24 април. На тие из­бо­ри на­ро­дот ќе ка­же ко­го го под­др­жу­ва и во ко­го има до­вер­ба. Не­ма да ка­же ни­ту не­кој стра­нец, ни­ту не­кој со вол­ше­бен стап ќе ги ре­ши на­ши­те проб­ле­ми. Ние. Ние за­ед­но со на­ро­дот. Ова е на­ша зем­ја. Ова е на­ша та­тко­ви­на. Ова е Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и ние мо­ра да истра­е­ме и да од­го­во­ри­ме же­сто­ко на си­те пре­диз­ви­ци со кои се со­о­чу­ва­ме. Тоа са­кам да го по­ра­чам на овој ден – наг­ла­си Гру­ев­ски.

Гру­ев­ски јас­но по­ба­ра сед­ма пре­по­ра­ка за по­че­ток на пре­го­во­ри и да­тум за членс­тво во Европ­ска­та уни­ја оце­ну­вај­ќи го тоа ка­ко ци­ви­ли­за­ци­ски, мо­ра­лен, ра­ци­о­на­лен и оправ­дан че­кор. Евен­ту­ал­но­то гу­бе­ње на пре­по­ра­ка­та на­ро­дот не­ма да го до­жи­вее тра­гич­но по ше­сте пре­по­ра­ки без кон­крет­ни пре­го­во­ри, но Гру­ев­ски наг­ла­си де­ка знае де­ка тоа не е та­ка.

– Об­ви­ну­ва­ња­та по­тоа кој е ви­но­вен, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА или не­кој трет ќе би­дат са­мо по­че­ток на но­ва не­из­вес­ност, во отсус­тво на еден се­ри­о­зен ко­хе­зи­вен еле­мент. Об­ви­ну­ва­ња­та по­тоа, днев­но­по­ли­тич­ки, ќе би­дат глу­па­ви и са­мо ќе сти­му­ли­ра­ат омра­за и гнев.

Ма­ке­до­ни­ја не е и не смее да би­де са­мо Клу­бот на пра­те­ни­ци­те, Ма­ке­до­ни­ја се два­та ми­ли­о­ни ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни на кои мо­ра да се по­све­ту­ва­ме ка­ко ос­но­вен при­о­ри­тет, а за­ра­ди на­ши­от искрен мо­тив да по­мог­не­ме и да по­до­бри­ме, до­да­де Гру­ев­ски, кој не ја за­бо­ра­ви и еко­но­ми­ја­та, со­вре­ме­ни­от ас­пект на бор­ба­та за Ма­ке­до­ни­ја.

 

Еко­но­ми­ја­та и обра­зо­ва­ни­е­то во фо­ку­сот

– Са­мо еко­ном­ски не­за­ви­сен чо­век е ви­стин­ски сло­бо­ден чо­век. За­тоа ло­зун­гот со кој јас се бу­дам и зас­пи­вам се­кој ден е еко­но­ми­ја, еко­но­ми­ја и еко­но­ми­ја. Знам де­ка сло­бо­да­та мо­ра да би­де по­ткре­пе­на со еко­ном­ски раз­вој и де­ка при­о­ри­тет на се­кој од­го­во­рен по­ли­ти­чар е да гра­би кон ос­тва­ру­ва­ње на еко­ном­ски­те про­е­кти, кои ќе има­ат ре­а­лен при­до­нес во жи­во­тот на се­кој чо­век и на се­кое се­мејс­тво во Ма­ке­до­ни­ја – подв­ле­че пре­ми­е­рот Гру­ев­ски, кој нај­а­ви но­ви стран­ски ин­ве­сти­ции и но­ви ра­бот­ни ме­ста, по­тсе­ту­вај­ќи на на­ма­лу­ва­ње­то на не­вра­бо­те­но­ста.

– Ние же­сто­ко ќе про­дол­жи­ме да се бо­ри­ме за со­ци­јал­на прав­да, ќе про­дол­жи­ме со мер­ки­те за вра­бо­ту­ва­ње на лу­ѓе­то, ка­ко нај­до­бра га­ран­ци­ја за из­ле­гу­ва­ње од со­ци­јал­на­та не­прав­да, ко­ја ни бе­ше оста­ве­на ка­ко стру­кту­рен проб­лем – по­ра­ча пре­ми­е­рот Гру­ев­ски, кој во таа на­со­ка обра­зо­ва­ни­е­то го гле­да ка­ко ви­стин­ски и единс­твен ре­сурс. Па­ро­ли­те де­ка не­ма мир до­де­ка не­ма прав­да се до­бри за из­го­ва­ра­ње ко­га има­ат су­шти­на, но кај нас не са­мо што ја не­ма­ат, ту­ку  има­ат ед­на ма­на, оце­ни Гру­ев­ски. Не­ма прав­да до­де­ка не­ма зна­е­ње. А зна­е­ње­то е мир. Обра­зо­ва­ни­е­то и вло­жу­ва­ње­то во по­до­бро обра­зо­ва­ние ни е единс­тве­ни­от ре­сурс за кон­ку­рент­ност во све­тот и за на­пре­док на зем­ја­та. Тоа е су­ро­ва­та ре­ал­ност, ко­ја мо­ра да ја при­фа­ти­ме, нас­про­ти лаж­ни­те ми­то­ви, по­со­чи Гру­ев­ски.

Ма­ке­до­ни­ја го чес­тву­ва­ше Де­нот на ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на бор­ба, а све­че­но­ста не бе­ше ни­мал­ку по­ма­ла по­ра­ди отсус­тво­то на че­сти­тка од опо­зи­ци­ја­та. На­ро­дот свик­на на таа др­скост за ре­чи­си се­кој на­ци­о­на­лен праз­ник. 23 октом­ври е зад нас. Оста­наа пре­диз­ви­ци­те за чи­е­што над­ми­ну­ва­ње, по којз­нае кој пат, лек­ци­и­те ги вле­че­ме од исто­ри­ја­та. Би­деј­ќи таа, на­ви­сти­на, е „чу­ден си­стем за ра­но пре­ду­пре­ду­ва­ње“, ка­ко што и Гру­ев­ски со ци­та­ти и при­ме­ри по­со­чи во сво­е­то обра­ќа­ње. Обра­ќа­ње , кое ана­ли­ти­ча­ри­те го оце­ни­ја ка­ко нај­сил­но до­се­га, со ви­стин­ски по­ра­ки до ви­стин­ски­те фа­кто­ри.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 165. број на неделникот „Република“, 30.10.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top