| четврток, 6 декември 2018 |

Загрижувачки податоци: 75 отсто од децата помлади од четири години имаат мобилен

Резултатите од неодамнешното истражување покажаа дека околу 44 отсто од децата помлади од една година и 77 отсто од децата под две години веќе користеле мобилен телефон.

deca mob

Во истражувањето спроведено во Филаделфија, во кое учествуваа 350 родители, 70 отсто од нив изјавиле дека не го следат користењето на електронски уреди на своите деца.

Шеесет и пет отсто признале дека им ги даваат на децата своите мобилмни за да бидат мирни, додека 25 отсто на децата им дозволуваат да заминуваат на спиење со мобилниот телефон, иако голем број медицински истражувања докажале дека нивната уптореба во доцните вечерни часови го пореметува сонот.

Резултатите исто така покажаа дека 97 осто од децата помлади од четири години барем еднаш користеле мобилен телефон, додека 75 отсто од нив поседуваат таблет, смартфон или ајпад.

Психолозите наведуваат дека резултатите се многу изненадувачки и дека се уште не знаат какви последици ќе има технологијата врз нивниот натамошен социјален живот.

Американската педијатриска академија ги советува родителите електронските апарати да ги користат заедно со децата, да ја ограничат дневната употреба на апаратот, како и да воведат зона, која ќе биде лишена од технолошки уреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top