Македонската филхармонија денеска ќе го одржи првиот симфониски концерт за деца во новата концертна сезона. Концертот носи наслов „Имате ли ритам?“, а ќе биде изведен под палката на маестро Борјан Цанев.
Аниматор и овој пат ќе биде миленикот на детската публика, актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги воведе најмладите во тајните на ритамот и неговата разновидност.
Децата ќе имаат можност да слушнат композиции од класичната, но и од модерната музичка литература, во кои акцент е ставен токму на ритмичкиот импулс дела од Смокварски, Калифе, Андерсон, Бернштајн, Штраус, Де Фаља. Концертот ќе ги донесе звуците и ритмите на Македонија, Либан, Куба, Шпанија…, а Јорданоски низ игра и хумор ќе се обиде да ги анимира децата „свирејќи“ на разноразни предмети докажувајќи дека ритамот го има насекаде околу нас. Овој пат посебно ќе се истакнат перкусионистите од оркестарот на Македонската филхармонија, кои ќе приредат и едно изненадување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан