| четврток, 6 декември 2018 |

Римскиот јубилеј без победник, Рома и Лацио во 140. дерби одиграа 1-1 (видео)

Римскиот фудбалски празник мина со многу тензии и на теренот и надвор од него, а Рома и Лацио ремизираа 1-1. Тоа беше 140. дерби на Рим, меѓу лутите ривали. Имаше и предигра, како и секогаш, а се закачија навивачите на двата клуба со полицијата. Извештаите велат дека има повредени, двајца се прободени со нож, а остро беше и на теренот.

AS Roma vs SS Lazio

Лацио поведе со прекрасниот погодок на Ернанеш во 16. минута, а „сините“ имаа шанса да победат, но промашија пенал. Херојот Ернанеш се претвори во трагичар на натпреварот, бидејќи го утна казнениот удар во 49. минута. само 8 минути подоцна, Тоти казни, од нов пенал, овојпат за Рома. Иконата на „волчицата“ од Рим беше прецизен, за конечни, 1-1. Потоа беше исклучен Бјава кај Лацио, но промена на резултатот немаше.


szólj hozzá: Roma vs Lazio 1:1 MATCH HIGHLIGHTS

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top