| четврток, 6 декември 2018 |

Се боревме ли за фотелји на луѓето на Заев?! – членството и симпатизерите на СДСМ разочарани

fbkomentariiiiii

Гледате ли зошто се борел Заев? За фотелји  на луѓе од СДСМ – коментираат членовите и симпатизери на СДСМ откако опозиционата партија ги соопшти имињата на оние кои ќе влезат во Владата, односно ќе добијат министерски и заменички места. Тоа ги натера да се свртат против Зоран Заев. Незадоволни се

од неговите предлози за министри и заменици министри и велат дека од ваквата одлука корист ќе има само опозициската партија.
12202030_10153438799383423_1270393841_n

Гледате зошто се борел Заев? Каде е оној Заев од пролетта? за ова ли се бореше? За фотелји на истите луге од СДСМ. Искрено друго и не очекував, сепак потајно се надевав дека не е онаа истата СДСМ – пишуваат симпатизерите на СДСМ.

Друг коментар гласи:

-Демек, СДСМ се стремел во МВР на чело да бидат непартиски лица или таканаречени професионалци. А сега еве става генерален секретар за министер. Браво другари ја научивте лекцијата! Учете од политичкиот опонент и практикувајте ја неговата стратегија која како така го одржа на власт 10 години.

 

12202443_10153438796293423_563335832_n

Револтирани и изневерени пишуваат:

-Човече, како можеш да му вртиш грб на членството! Ние ти ветувавме бе нека не ти перат мозок за 2 фотелји за Оли и Фрос. Барај повеќе. Биди силниот Заев кој го знаеме.

-Пушка не требаше ама тоа што ветуваше. Македонија една изборна единица, прочистување на списоците и многу други, што со тоа? Политика со Шекеринска, Бранко и други што ги затворија фирмите. За таква зборуваш? Епа нека ти е наздравје!

-Заев на преговорите гледаше како шанса да го згрижи најтесното раководство. СДСМ влегува повторно со истрошени и некредибилни кадри. СДСМ очигледно тоне.

-Ве извеслаа ВМРО-вциве.

12204620_10153438819493423_965605261_n

12204971_10153438798543423_283456789_n

-Заев, кај ти е паметот?

-Изгледа бродот што тоне е СДСМ. И сега Заев ги спасува најблиските со делење на функции! Брука! Заев, дали вака бевме договорени?

-Лесно ти е тебе Заев, се гледа само фотелја ти е во умот. Срамота тешко на тие што ти верувавме.

-Овој е тој силниот Заев? Ветуваше планини и брда, се задоволи со две фотелји.

-Оооф! Што да кажам. Заев ме разочара мене, го разочара цело СДСМ, ги разочара сите! Сите до последна капка се боревме, а сега кај е да ни донесе фала? Само за Фросинка и Оливер фала има?

12212122_10153438797323423_1806301431_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top