Грчкиот парламент денеска одобри нов пакет за штедење, пренесоа агенциите.
Во корист на проектот се изјаснија 153 пратеници, во 300 члениот парламент. За гласаа законодавците од левичарската партија на премиерот Алексис Ципрас СИРИЗА и коалицискиот партнер на владата во Атина, националистите од Независни Грци.
Сите други партии, социјалистичката ПАСОК, десноцентристите од Нова демократија, десничарските Златна зора и комунистите, гласаа против. Претставниците на центристите Потамос, се воздржаа од гласање.
Мерките предвиуваат зголемување на даноците и кратење на расходите на буџетот. Предвидено е фармерите да бидат лишени од своите привилегии при купување гориво. Проектот со самото неговото објавување, предизвика протести на земјоделските производители.
Одобрувањето е првиот чекор за добивање на следниот пакет-помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Српските пратеници во иднина не ќе можат да преминуваат во други партии
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!