| четврток, 6 декември 2018 |

Ванковска: СДСМ уште еднаш ги изневери „граѓаните“ во кои се колнеше

vankovska1
СДСМ ги изневери „граѓаните“ во кои се колнеше, напиша професорката Билјана Ванковска, која важи за блиска до опозицијата коментирајќи го финализирањето на договорот од Пржино.
Таа денеска на својот фејсбук профил објави:

За некои голем чекор кон победата на демократијата, за некои имплементација на Пржинскиот договор, за мене – мртвородена преодна влада. Се тресеше Македонија, за да се дојде до вакво чудо од влада каква нема никаде на светот. СДСМ уште еднаш ги изневери „граѓаните“ во кои се колнеше: си назначи највисоки партиски функционери за новите места покажувајќи дека најмногу си им верува на своите кадри дури и кога не ги заземаат ресорите за кои се најкомпетентни!
vankovska

Таа не е единствената која реагира на изборот на Заев за министри и заменици. Големо е разочарувањето кај членовите на СДСМ кои прашуваат дали се бореле за тоа Заев да ги вдоми неговите луѓе.

По синоќешниот договор, нов министер за внатрешни работи треба да биде Оливер Спасовски, сегашниот генерален секретар на СДСМ, а Фросина Ременски да биде нов министер за труд и социјална политика. Потпретседателот Александар Кирацовски ќе биде заменик-министер за информатичко општество и администрација, Кире Наумов заменик-министер за финансии и шефот на кабинет на Заев, Љупчо Николовски заменик-министер за земјоделие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top