| четврток, 6 декември 2018 |

Темно пиво од Прилепска пиварница

„Златен даб дарк“ е темно пиво од Прилепска пиварница. Создадено според германската традиционална рецептура на најголемите пивски мајстори за темно пиво, „златен даб дарк“ се карактеризира со специфична арома, текстура, неодолив балансиран вкус на карамела, мирис на кафе и со деликатен чоколаден финиш.

„Златен даб дарк“ е производ на стратегиско партнерство на Прилепска пиварница со Кухел Бауер, една од најстарите и најреномираните германски пивници, со својата традиција што потекнува дури од 14 век.

– Прилепска пиварница со новиот „златен даб дарк“ влегува во следната фаза од своето постоење. Комбинација на искуство, посветеност и на знаење на врвни мајстори на пивото сега е преточена во вистинско темно пиво на македонскиот пазар. И овој пат, при создавањето на „златен даб дарк“ приоритет ни беше создавањето пиво што ќе ги има најавтентичните карактеристики на вистинско темно пиво. Бидејќи на тема на квалитетот и на оригиналноста кај нас нема компромис, заеднички со нашиот стратегиски партнер – „Поварница кухел бауер“ направивме врвен производ во кој се вградени соодветни стратегиски изворни суровини и е применета посебна технологија за произвитство на вистинско темно пиво. Се надевам дека вистинските љубители на темно пиво ќе се уверат во ова – вели Панде Самарџиоска, заменик на генералниот директор на Прилепска пиварница.

За германската пиварница стратегидкото партнерство е чест и задоволство соодветно на реномето на Прилепската пиварница на европските пазари.

– Ова партнерство е од огромно значење како за земјите така и за  целосната свесност за развојот на пивската култура. „Златен даб дарк“ првиот производ што произлегува од ова партнерство е специјално направено темно пиво создадено со многу страст за пиво и посветеност на секој детаљ. Нè радува што сме избрани за партнери на Прилепска пиварница, која важи за пиварница со голема традиција и експертиза во произвотството на лагер пива, а која сега со лансирањето на првото вистинско темно пиво на македонскиот пазар, „златен даб дарк“ влегува во следната фаза од својата иднина. Нестрпливи сме за следните нови заеднички предизвици во промовирањето на пивската култура во земјава, изјави Хајнрих Шоенбергер, комерцијален директор на Кухел Бауер.

Пивото беше промовирано во рамките на Академијата за пиво што по третпат се организира од Прилепска пиварница. Целите на оваа Академија останаа фокусирани на промовирање на пивската култура и едукација за карактеристиките, влијанието на состојките врз вкусот на пивото и бенефитите. Специјален гостин предавач и оваа година беше врвниот пивски сомелиер д-р Михаел Цеф, кој посебен осврт да де на едикацијата за темните пива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top