Само за еден и пол месец на отворениот конкурс за изработка на апликација за „златен даб“ пристигнаа повеќе од дваесет предлози. Беше побарано специјализираната апликација за „златен даб“ да биде наменета за паметни телефони и таблети и да најде примена во секојдневието, да се истакнува со дизајнот, достапноста, брзината како и функционалноста.
Победникот, односно креаторот на најдоброто решение ќе добие парична награда од 1.500 евра, склучување договор со компанијата за префрлување на авторските права, а воедно ќе следува и промовирање преку повеќе маркетиншки канали. Веднаш по изборот, наградената апликација ќе биде достапна за бесплатно да се симнува од Play Store маркетот.
Едно од барањата на „Прилепска пиварница“ за содржините и карактеристиките на решението е во самата апликација да се отсликува името „златен даб“ како и вредностите за кои се залага. За веродостојноста на изборот одговорна е жири-комисијата, составена од шест члена избрани од страна на „Прилепска пиварница“ да ја изберат најдобрата апликација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.