| четврток, 6 декември 2018 |

Јолевски-Шимоњак: Местото на Македонија е во НАТО

SONY DSC

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, на маргините на Безбедносниот форум во Варшава,  имаше средба со полскиот министер за национална одбрана, Томаш Шимоњак.

На маргините на Самитот, Јолевски имал кратка средба со заменикот генерален секретар на НАТО, Александар Вершбоу,

На средбата со полскиот министер Шимоњак, било заклучено дека местото на Македонија е во НАТО и тој процес треба да заврши што е можно поскоро.

– Македонија и регионот мора да направат чекор напред во интеграцијата во НАТО-алијансата. Тоа е особено значајно за Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, со што ќе се влијае на безбедноста и стабилноста во Југоисточна Европа, а ќе се прати и порака дека НАТО-алијансата е отворена за прием на нови членки кои ги исполниле условите – порачал министерот Јолевски на средбата.

Тој смета дека наша заложба е да продолжиме да бидеме подготвени за членство, за што се преземаат поголеми реформски зафати, меѓу кои и процесот на модернизација согласно стандардите на Алијансата.

– Нашата позиција останува јасна, Полска безрезервно ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон заслужено полноправно членство- потенцирал полскиот министер Шимоњак.

Тој ја поздравил поддршката која нашата земја ја дава кон глобалниот мир и безбедност.

– Интеграцијата на Македонија и регионот во НАТО ќе придонесе кон побезбедна и попросперитетна Европа- рекол Шимоњак.

Двајцата министри го истакнале високиот степен на одбранбена соработка, која се реализира низ средбите на највисоко ниво, соработката на полето на военото образование, регионалните центри и слично. Полска е една од првите земји со кои Македонија има потпишано Спогодба за соработка во одбраната.

На маргините на Самитот, Јолевски имал кратка средба со заменикот генерален секретар на НАТО, Александар Вершбоу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top