| четврток, 6 декември 2018 |

Финскиот премиер најави оставка

Финскиот премиер Јуха Сипиле изјави дека е можно владата да се распадне откако коалицискиот партнер од конзервативната партија не даде согласност за реформи во социјалната и здравствена сфера до вчера кога помина крајниот рок за тоа.

Pääministeri Juha Sipilän puhe Paasikivi-seuralle

Сипиле изјави синоќа дека преговорите меѓу трите владејачки партии од центарот ќе продолжат, но е „многу веројатно“ денеска да поднесе оставка до претседателот на државата.

Финскиот премиер нагласи дека ако не биде постигнат договор, најверојатно нема да свика предвремени избори туку би почнале преговори за состав на нова коалиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top