Времето во Македонија утрово е ведро, студено и претежно тивко. По одделни котлини има појава на слаба утринска магла, особено во скопската и во демиркаписката.
Во Берово се измерени -6 степени, -3 во Скопје-Петровец, -2 Тетово и Битола, -1 Струмица и Д. Капија, 0 во Штип, Прилеп и Маврово, 1 Скопје-Зајчев Рид и Крива Паланка, 2 Охрид, Лазарополе, Куманово и Кавадарци, 3 Гевгелија, 4 Претор, Виница, 5 Крушево и 6 Дојран.
Во текот на денот ќе биде сончево и претежно тивко, на повисоките места и на планините со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје сончево со слаб северен ветер и со максимална температура до 17 степени.
Во наредните денови нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на атмосферски систем со висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса, а со тоа понатаму продолжува периодот на стабилно и суво време, во утринските часови со појава на слаба утринска магла.
Преку денот ќе се затоплува. Максималната температура на планините ќе биде повисока одколку на некои пониски места.
Мерењата на Министерството за живитна средина и просторно планирање покажуваат загадување на воздухот во општините Аеродром, Центар, Гази Баба, Карпош, Битола и Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.