Две-третини од земјите-членки на Европска унија можат да забранат одгледување на генетско модифицирани култури на своја територија, објави денеска Европска комисија, пренесува БТА.
– Барањата на 19 земји-членки се примени од компаниите, изјави портпаролот на ЕК, Енрико Бривио, додавајќи оти ќе биде преразгледано географското ширење на ГМО.
Австрија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Летонија, Литванија, Малта, Холандија, Полска и Словенија сакат да забранат ГМО, додека Германија побарала ограничено право на изклучување на ГМО испитувањата, а Данска и Луксембург сакаат да забранат само четири ГМО култури. Белгија и Велика Британија сакаат да забранат ГМО само на некои делови од нивната територија.
Околу 85 проценти од ГМО културите се одгледуваат само во четири држави – САД, Бразил, Аргентина и Канада, што заедно претставуваат само три отсто од земјоделското земјиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.