Доколку ниту еден важен или неважен настан во денот не може да помине, а да не почувствувате потреба да направите селфи, тогаш е сигурно дека имате сериозен психолошки проблем.
Експертите веројатно би препорачале да поработите на самоконтролата и да почнете да го исклучувате смартфонот по неколку часови на ден, но доколку посакате нешто посигурно – тука се пилулите за одвикнување од селфи.
Ги продава компанијата „Анти СелфиТабс“ а доаѓаат во пакување од 36 таблети, кои чинат околу 14 евра. На поголема количина може да добиете и попуст .
Произведувачот на жените им препорачува барем по три таблети на ден, се додека симптомите не се повлечат, додека мажите може да се провлечат со малку поблага доза.
-Анти селфи пилулите може да ви ги олеснат симптомите на константно себе фотографирање. За жал не постои лек кој во целост може да ве излекува од оваа навика, но барем тие кои ќе добијат кутија од овие таблети би требало конечно да сфатат пораката – пишува во опис на производот.
Секако, станува збор за ментол бонбони кои само изгледаат како пилули, а целата работа е смислена како шеговит подарок кој можете да го купите и да го подарите на блиските луѓе кои половина ден поминуваат пред огледало, правејќи си фотографии самите на себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.