Рускиот претседател Владимир Путин си допушти една мала грешка во обидот оваа недела да им покаже на обичните Руси дека е во добра спортска форма.
Во чудна фотосесија во салата на претседателската резиденција во Сочи, Путин вежба со рускиот премиер Дмитриј Медведев.
Долните тренерки што тој ги носеше за време на фото сесијата, чинат 1.425 долари, според „Кварц“.
Тренерката е од италијанска луксузната марка „лоро пјана“, која е специјализирана за волнени производи и за производи од кашмир.
Долниот дел на тренерки, модел „портланд“ е направен од 50 проценти свила и 50 проценти кашмир.
Путин, носеше и горна тренерка „лоро пјана“, со што цената на неговата тренерка за вежбање чини 3.200 долари, без маицата и патиките.
Портпаролот на „Лоро пјана“, потврдил за „Кварц“, дека Путин на оваа фото сесија е облечен во тренерки од нивната марка.
Интересно е дека Путин носи скапи италијански тренерки, додека во исто време ги забранува производите на странски производители, како одговор на санкциите наметнати од западот против Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.