| четврток, 6 декември 2018 |

Фустан од 24-каратно злато

Производителот на сладоледи „Магнум“, кој пред две години соработуваше со Карл Лагерфелд, повторно влегува во светот на модата и на дизајнот. Пред да биде лансиран сладоледот „магнум голд“, кој можеше да се купи само на американскиот пазар, „Магнум“ го најми Зек Посен да креира единствен фустан од 24-каратно злато.

златен фустан1

Фустанот вреди 1,5 милион долари и е направен со повеќе од 10 илјади рачно шиени светки направени од златни листови, а премиерата ќе ја доживее на еден филмски фестивал на крајот на овој месец.

златен фустан

– Кога „Магнум“ ме повика да соработувам во проектот, се вљубив во нивните сладоледи – изјави Посен додавајќи дека е голем обожавател на слатки и дека работата на овој проект му била забавна бидејќи имал шанса да работи со материајли со кои никогаш досега не работел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top