| четврток, 6 декември 2018 |

Кипар има пари само до крај на април

laiki kiparКипар има парични резерви само до крајот на месецов. Владата нема „план Б“, изјави пред парламентарната финансиска комисија министерот за финансии, Харис Јоргијадис. Тој наведе дека исполнувањето на договорот со меѓународните кредитори и останувањето на Кипар во еврозоната и во Европската унија не е доведено под сомнеж.

– Излегувањето на Кипар од зоната на единствена валута еднакво е на кратење на депозитите не само во Банката на Кипар и на Кипарската народна банка, туку и на целата економија, која ќе се врати назад со векови – истакна Јоргијадис.

Кипарската влада сака процедурите на Банката на Кипар да бидат финализирани и да бидат олеснети мерките за движење на капиталот.

Директорот на Централната банка на Кипар, Паникос Димитриадис, посочи дека колку средства ќе бидат потребни за рекапитализација на Банката на Кипар ќе биде познато во јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top