Вработените во прилепската фабрика „Еурокомпозит“ почнаа предупредувачки штрајк барајќи исплата на заостанатите три плати и неисплатени придонеси од јуни минатата година. Претседателот на Синдикатот, Бранко Чатлески, и претседателот на Гранковиот синдикат за индустрија, рударство и енергетика, Пеце Ристевски, побараа Владата да помогне во решавање на статусот на овој загубар.
Директорот на „Еурокомпозит“, Никола Лучески, изјави дека до крајот на неделата треба да биде исплатен дел на една од платите кои се по 8.000 денари.
– В среда на Генералниот секретаријат на Владата ќе се елаборира состојбата во компанијата. Се очекува распишување тендер за продажба како единствен спас за фирмата. До Владата имам предложено шест заклучоци – истакна Лучески.
Во „Еурокомпозит“ има 385 вработени. Од Синдикатот најавуваат секојдневно по еден час предупредувачки штрајк се цел исплата на заостанатите плати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.