| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезна и последниот симбол на Југославија

tanjug

Основана во 1945 година од Јосип Броз Тито, новинска агенција „Танјуг“ веќе е во минатото. Таа беше сечилото на Југословенската комунистичка партија и своето име го задржа и по распадот на поранешната федерација за време на крвавите војни во периодот (1991-1999).
Агенцијата беше објавена за приватизација, но не се појави ниту еден купувач, соопшти Министерството за култура. Сите вработени ќе добијат надомест. За официјален датум на престанок на постоењето на Агенцијата се смета 31 октомври 2015 година, но вработените најавија дека ќе продолжат да ги извршуваат своите обврски до крајот на ноември.
Во Србија остануваат да работат само приватни новински агенции. Од Министерството за култура и информации, ги негираа информациите дека ќе биде формирана нова државна новинска агенција.
Според Саша Мирковиќ, приватните агенции „Фонет“ и „Бета“ се доволни за пазарот на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top