Мими Ѓоргоска Илиевска е именувана за директор на Агенцијата за филм, потврди за МИА Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.
Таа била именува на вчерашната владина седница. Ѓоргоска Илиевска доаѓа на местото на Дарко Башевски, кому му истече мандатот.
– Ѓоргоска Иливска досега беше директор на Кинотеката на Македонија, има огромно искуство во областа, член на бордот на директори на Светската федерација на филмски архиви и е македонски претставник во Еуроимаж – вели Ѓорѓиев.
Башевски постигна позитивни резултати и придонесе во поддршката на македонската филмска кинематографија каде што во изминатиот период се подржаа поголем број домашни играни, кратки, анимирани и документарни филмови, додаде владиниот портпарол.
На испразнетата позиција во Кинотеката на Македонија, Министерството за култура треба да назначи нов директор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.