| четврток, 6 декември 2018 |

Миновски нов директор на УЈП, Трајковски оди на друга функција

Кирил Миновски е назначен за нов директор на Управата за јавни приходи. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Горан Трајковски, кој заминува на друга функција.

Миновски е именуван за директор на УЈП на вчерашната владина седница, а доаѓа од позицијата директор на Државниот пазарен инспекторат.

– Можам да потврдам дека на вчерашната владина седница Кирил Миновски е именуван за нов директор на УЈП. На досегашниот директор Горан Трајковски му истече мандатот и ние сме благодарни за неговиот ангажман, за придонесот што тој го имаше во реализацијата на владината програма, за реформите што ги спроведе и за резултатите на институцијата која ја раководеше. Планирано е соработката со господин Трајковски да продолжи на друга одговорна функција – изјави портпаролот на Владата, Александар Георгиев.

За нов в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат е назначен Виктор Дерменџиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top