| четврток, 6 декември 2018 |

Кејлор Навас е нов рекордер меѓу стативите во ЛШ

Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас продолжува со импресивните настапи оваа сезона. Откако не беше продаден летово во Манчестер Јунајтед како замена за Давид де Хеа, Навас се зацврсти на позицијата како прв голман на „кралскиот клуб“.
Тој на вчерашниот натпревар против ПСЖ на „Сантијаго Бернабеу“ бранеше фантастично и го сочува својот гол, и со тоа го урна рекордот во Лигата на шампионите.
Тоа беше четврти натпревар во низа оваа сезона и два од минатата против Базел и Лудогорец, Навас стигна до бројката од 540 минути без примен гол.
Со ова Навас го подобри остварувањето на Мигел Анхел Моја, кој бранејќи го голот на Атлетико Мадрид, а потоа и на Валенсија, не дозволи да биде совладан 528 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top