Општина Велес го објави повикот за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општината, а кој се однесува на продажба на плацови во околината на езерото „Младост“. Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев рече дека станува збор за продажба на 17 плацови во предвидената викенд населба со намена на градба А4-времено сместување. Овие парцели ќе бидат предмет на електронско јавно наддавање кое ќе се спроведе на 23 и 24 ноември, а ќе се продаваат по цена од 283 денари по метар квадратен. Тој ги повика сите заинтересирани правни и физички лица да ја искористат поволноста на цените за продажба на плацови на оваа атрактивна локација. Додаде дека општината Велес планира да го уреди просторот околу езерото „Младост“ со цел тоа да стане препознатлива туристичка дестинација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.