Најмалку 41 лице загинаа денеска кога во близина на аеродромот во Џуба, главниот град на Јужен Судан, непосредно по летнувањето се урна рускиот товарен авион „антонов“, објави српски Блиц. Меѓу настраданите се и 12 членови на посадата и патници, како и луѓе што се наоѓале на местото каде што се урнал авионот, изјавиле очевидците.
Портапролот на претседателот на Јужен Судан, Атени Век изјавил дека само две лица преживеале, меѓу кои и дете. Според неговите зборови, бројот на жртви сѐ уште се утврдува.
Повикувајќи се на локални медиуми, „Раша тудеј“ пренесува дека во авионот имало и пет Руси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.