| четврток, 6 декември 2018 |

Првата група бегалци префрлена од Атина во Луксембург

migranti vo luksemburgПрвата група од 30 бегалци  префрлена е денеска од Грција во Луксембург, што претставува почеток на реализацијата на планот на ЕУ вреден 780 милиони евра со цел да се намали товарот на државите кои најмногу се најдоа на удар од бранот бегалци.

greece-refugeesПрвите бегалци кои беа префрлени се шест семејства од Сирија и од Ирак. Насмејаните родители со децата правеа пред влегувањето во авионот заеднички „селфи“ со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн, јавуваат локални медиуми.

Аселборн изјави дека релокацијата на првата група бегалци од Грција во неговата држава е„ само почеток, но многу важен почеток“.

– Ѕидови, огради и бодликава жица не може да бидат дел од ЕУ, изјави тој. Повеќе од 600.000 бегалци влегоа оваа година во Грција. Атина се согласи да прифати 50.000 бегалци оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top