| четврток, 6 декември 2018 |

Саем за вработување во Гостивар

rabotaКарванот „Саем за вработување 2015“ што го организира Агенцијата за вработување на Република Македонија, денеска ќе се одржува во Гостивар и  ќе биде отворен за посетители од 11 до 14 часот во спортската сала „Младост”.

– Западна Македонија е новиот реон каде што карванот на саемите за вработување ќе понуди можности за вработување во компании од гостиварскиот и од тетовскиот регион за сите заинтересирани кои се невработени, а воедно се активни баратели на работа- соопшти Агенцијата.

Шанса за пронаоѓање на нова работа имаат и сите вработени кои сакаат да го променат работното место и да ја збогатат својата кариера.

На отворањето на саемот во Гостивар ќе присуствуваат Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување на РМ, и гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top