| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија постави бодлива жица на границата со Словенија

avstrija begalci

Поставувањето бодлива жица од страна на австриските власти долж приодот на автопатот кај Шпилфелд, на граничниот премин со Словенија, предизвика бурни реакции.

Портпаролот на полицијата тврди дека жицата треба да ги спречи емигрантите да излезат на автопат. Оградата е поставена пред неколку дена и нема врска со најавените „градежни“ мерки.

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јохана Микл Лајтнер, дала наредба за планирање на „градежни мерки“ на границата со Словенија, споменувајќи ѝ жица.

Бодликавата жица е добиена од војската, а полицијата одговарајќи на критиките вели дека алтернативата била постојано присуство на војници или полицајци долж приодот на автопатот.

Полицијата и војската деноноќно ги контролираат приодите на автопатот и на железничката пруга долж границата. Но, бидејќи од неодамна сѐ повеќе луѓе се обидуваат да преминат во Австрија преку автопат, решено е да се преземат овие мерки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top