| четврток, 6 декември 2018 |

Награда за Мето Јовановски во Црногорско народно позориште

Јовановски е добитник на „Големата награда“ на Црногорското народно позориште за најзначаен уметнички резултат остварен на сцената на овој театар за 2015 година. Наградата свечено му беше врачена во рамите на Денот на народото позориште, а одлуката на Советот на театарот предизвика овации меѓу присутните какви што одамна не се паметат во вакви пригоди во оваа средина, јавуваат црногорските медиуми

Култниот македонски актер Мето Јовановски, кој неодамна беше прогласен за почесен доктор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, наредувајќи се на тој начин на врвот на светската театарска и филмска уметност, вчера во престолнината на Црна Гора се здоби со уште едно високо меѓународно признание од ред награди  од различни светски центри.

2015-10-cnp-nagrade_m

Јовановски е добитник на „Големата награда“ на Црногорското народно позориште за најзначаен уметнички резултат остварен на сцената на овој театар за 2015 година. Наградата свечено му беше врачена во рамите на Денот на народно позориште, а одлуката на Советот на театарот предизвика овации меѓу присутните какви што одамна не се паметат во вакви пригоди во оваа средина, јавуваат црногорските медиуми.

Од оваа учебна година Мето Јовановски е професор по актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни метности во Скопје со што за првпат, овој меѓународно афирмиран уметник, водејќи своја класа ќе ги пренесе своите знаењана идните поколенија.

meto jovanovski

Јовановски припаѓа на екипата од соништа на најголеми актери на просторот што некогаш го нарекувавме Југославија. Сега е театарски и филмски актер, кој не признава никакви граници. Црногорското народно позориште имаше чест Јовановски двапати да заигра на неговата сцена и тоа во две големи и значајни престави. Во 2001 година играше во „Малограѓани“ од Максим Горки во режија на Паоло Маџели  и улогата на Василиј Василијевиќ му донесе статус на почесен член на ЦНП.

Во изминатата сезона Јовановски го играше Василиј во „Урнебесна трагедија“ од Душан Ковачевиќ во режија на Вељко Миќуновиќ. Василиј на Мето е создаден од контрапункт, движејќи се од чемер до смеа и назад притоа пронаоѓајќи ги сите нијанси на сложениот ракопис на Ковачевиќ и иноватнивниот режисерски зафат на Вељко Миќуновиќ. Но, сепак, ликот  е само и исклучиво креативна сопственост на Јовановски.

Тој игра на начин што ги брише границите меѓу театарот и животот што можат да го прават само големи мајстори. Јовановски со својот актерски и човечки хабитус е мајстор, се вели во одлуката за наградата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top