Дваесет кратки совети и правила за среќа кои може да ви помогнат да го исполните својот сон:
1. Запаметете дека на никој ништо не му должите.
2. Но, имајте на ум дека никој и вас не ви е должен.
3. Пробајте да не се расправате со сите. Поважно е да бидете спокојни, отколку во право.
4. Во животот секогаш потпрете се сами на себе.
5. Избегнувајте да комуницирате со луѓе со кои не ви оди разговорот.
6. Не штедете пари до мера да си ги скратувате ситните задоволства.
7. Живејте за денес.
8. Ако сте виновни – признајте без да барате оправдувања.
9. Секогаш имајте на ум дека секој има своја вистина и таа често пати не се поклопува со вашата.
10. Ако сте лошо расположени, насмејте се со сила.
11. Не гледајте премногу телевизија.
12. Пробајте да извлечете по некое задоволство од секоја ситуација.
13. Секогаш запаметете дека друг живот нема да имате.
14. Најважно во животот е да сакате, сè друго е суета.
15. Сите наши проблеми се само во нашата глава.
16. Во светот ништо не е потполно лошо или беспрекорно добро. Исто е и со луѓето.
17. Не се занимавајте со непроверени информации. Тие ги прават луѓето злобни и зајадливи.
18. Не верувајте во ветувањата, туку во своите емоции.
19. Со сите и сè во животот бидете трпеливи и малку поснаодливи.
20. Мислете дека денешниот ден е најдобриот во вашиот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.