| четврток, 6 декември 2018 |

Десет страшни тајни кои стјуардесите и пилотите нема да ви ги откријат никогаш

Голем број луѓе уживаат во летањето и се релаксирани во моментот кога треба да ѝ се препуштат на машинеријата која ќе ги вивне во височините, како и на луѓето што ќе управуваат со таа машинерија. Но, некои, сепак, се плашат и стравуваат од тоа што го знаат и од она што не го знаат. Кога човекот е свесен за одредени детали, стравот понекогаш му се намалува. Откриваме десет тајни кои стјуардесите и пилотите не сакаат да ви ги откријат кога се подготвувате за летот.

stjuardesa-1443726203-695701.Дали знаевте дека од моментот кога ќе ви се појават маските со кислород над главите, имате само 15 минути кислород? Тоа е доволно време пилотот да го спушти авионот на висина на која е можно нормално дишење, па не постои причина за паника.

2.Дали знаете која е вистинската причина зошто светилките за време на слетувањето ноќе се гасат? За да може очите да ви се приспособат на темница доколку нешто тргне во несакан правец. А и мора брзо да го напуштите авионот.

3.Дали знаевте дека молњите ги погодуваат авионите во лет, иако вие тоа не го забележувате? Можеби и не требаше да ви го откриеме тоа…

bogata-zena-1436621562-631824.Интересен е и фактот дека тоалетот во авион може да се отклучи и однадвор. Кога сте заклучени, всушност во секој момент некој може да ве отклучи однадвор.

5.Знаете ли дека пилотите во авион имаат дополнителна храна во случај еден вид од храната да е отровен?

6.Доколку за време на летот се случи несреќа, поголем број комерцијални авиони може да летаат и само со еден мотор.

7. Сѐ уште не постои точно објаснување зошто секогаш мора да ги исклучиме мобилните телефони и компјутерите за време на полетувањето.

uspesna-zena-u-avionu-1430303201-582608.Кога на авионот ќе му откажат двата мотора, тој може да лета уште некое време. Затоа слетувањето и полетувањето се најкритичните делови од летот.

9.Водата во авионите не е со некој квалитет. Некои авиони се прилично стари, дури и по 50 години, а тоа најчесто значи дека толку се стари и резервоарите за вода, кои речиси никогаш не се чистат.

10.Иако во авионите е забрането пушењето, во тоалетите може да се најдат пепелници. Објаснувањето е дека доколку некој го прекрши правилото и дојде во искушение да запали цигара во тоалет, тогаш мора да има и сигурно место каде ќе ја угаси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top