| четврток, 6 декември 2018 |

Десет дена голи и мртви лежеле во мотелска соба

Голи и мртви десет дена лежеле во кревет во мотелска соба во Битола мажот и девојката кои беа пронајдени мртви. Нивните безживотни тела во фаза на распаѓање биле пронајдени вчеравечер, во мотелот „Пржо“, во индустрискиот дел на градот. Од МВР сè уште не ги соопштуваат причините за нивната смрт.

Од битолската полиција утрово соопштија дека вчеравечер кај нив било пријавено дека во мотелот „Пржо“ вработените, во една од собите, пронашле две безживотни тела. До нив имало и лична документација и било утврдено дека станува збор за 33- годишниот И.К. и 27-годишната И.Ѓ., двајцата од Битола.

Двајцата битолчани се пријавиле во хотелот на 24 октомври и подолго време не излегувале од неа. Вработените се посомневале дека нешто не е во ред и влегле во собата насилно отварајќи ја вратата, затоа што била заклучена од внатрешната страна со клучот оставен во бравата. Од страна на Јавен обвинител е наредена обдукција на двете тела, по што ќе бидат познати и причините за нивната смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top