| четврток, 6 декември 2018 |

Со закани со безбол палка ограбиле бензиска

palka

Ноќва околу 02.30 часот две непознати лица извршиле разбојништво во бензинската пумпа „Еуро Петрол“, која се наоѓа на магистралниот пат Струмица–Радовиш кај с.Калуѓерица.

Едно од лицата со безбол палка влегло во објектот на бензинската пумпа и им се заканило на двајцата вработени дека ќе ги нападне, одзело околу 8.000 денари, по што двајцата го напуштиле местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top