| четврток, 6 декември 2018 |

Нови детали за несреќата во битолскиот мотел

Вчера попладне околу 16.30 часот во мотелот „Пржо“ во Битола, во една соба од страна на вработените биле пронајдени две починати лица, соопшти денес битолската полиција.

Двете тела биле пронајдени на креветот покрај бањата, едно до друго, без облека и во фаза на распаѓање. Во собата биле пронајдени и документи за лична идентификација.

Од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола, бил извршен увид и е констатирано дека се работи за лицата И.К. (33) и И.Ѓ.(27) од Битола. Смртта е констатирана од страна на итната медицинска помош.

И.К. изнајмил соба во мотелот на 24 октомври и подолго време не излегувал од неа. Вработените се посомневале и влегле во собата насилно отварајќи ја вратата, затоа што била заклучена од внатрешната страна со клучот оставен во бравата.

Од страна на Јавен обвинител е наредена обдукција на двете тела. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top