Екипажот на урнатиот руски авион А321 во Синај, до моментот на инцидентот немал информации за оштетување на авионот, соопштува за „Интерфакс“ информиран извор во Каиро.
– Од евиденцијата на разговорите на екипажот со диспечерите, ситуацијата во авионот четири минути пред исчезнувањето на авионот од радарот била нормална, екипажот ги водел вообичаените разговори со диспечерите, ништо не укажувало за какво било оштетување, ниту пак екипажот соопштил такво нешто – вели изворот.
Тој додава дека во моментот на исчезнување на патничкиот авион од радарот, на записот има невообичаени звуци за нормален лет. Екипажот не дал никаков сигнал за проблеми.
– Судејќи според снимките, вонредната ситуација во авионот настанала одеднаш и била неочекувана за екипажот и пилотот не успеал да прати сигнал за проблеми – наведува изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.