Најниската температура утрово е измерена во Берово, минус шест Целзусови степени. Температура под нулата е измерена во Тетово и во Битола, минус два, и во Крива Паланка, Демир Капија и во Струмица, минус еден степен.
Во Маврово, Прилеп, Скопје, Штип, Дебар и Куманово се измерени нула Целзиусови степени, во Кавадарци еден степен, два во Лазарополе, Охрид, Претор и Виница, четири во Гевгелија и шест Целзиусови степени во Дојран и во Крушево.
Утринава во земјава времето е сончево и студено со мала до умерена облачност. По одделни котлини како и во јужниот дел на Повардарието има појава на слаба магла. Дува слаб ветер од променлив правец. Воздушниот притисок утрово е многу висок, и е за 15 мерни единици повисок од просечниот, но во текот на денот ќе опаѓа.
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност ќе биде во текот на целиот ден.. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Дневната температура ќе се движи од 16 до 22 Целзиусови степени.
Нашето подрачје и понатаму ќе биде во поле на атмосферски систем со висок воздушен притисок и со стабилна и сува воздушна маса. До среда, под влијание на потопла воздушна маса, дневната температура ќе бележи благ пораст, а условите за појава на утринска магла ќе биде мала. Од четврток ќе потпаднеме под северно воздушно струење, кое ќе предизвика постепено опаѓање на дневната температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.