Воените вежби на југот на Европа, кои се најголеми во последните 13 години, претставуваат предупредување за сите потенцијални противници на НАТО, вклучително и Русија, изјави генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг.
Столтенберг во интервју за шпански А-Бе-Це рекол дека НАТО е подготвен за брзо распоредување на копнени, воздухопловни и поморски сили ако е тоа потребно.
Активната фаза на вежбата почнала на 21 октомври во Шпанија, Португалија и Италија и ќе трае до 6 ноември.
Во вежбата учествуваат 36.000 војници од 30 земји во светот меѓу кои и од Австрија и Швајцарија кои не се членки на НАТО, како и 140 авиони, 90 бродови и подморници.
Столтенберг рекол дека вежбата е јасен сигнал дека НАТО е подготвен да ја брани алијансата од секоја закана.
НАТО во моментот се прилагодува на новата реалност која ја одликува нестабилност и насилство на Блискиот исток и на северот на Африка, додал тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.