| четврток, 6 декември 2018 |

Интересни факти за спермата кои веројатно не сте ги знаеле

Колку всушност знаете за спермата, од која што зависи опстанокот на нашиот вид? Ви претставуваме неколку интересни факти за спермата кои веројатно не сте ги знаеле.

1. Луѓето не се одлични во производството на сперма. Всушност, повеќе од 90% од ејакулацијата е погрешна. Спермата не мора да биде совршена бидејќи обично не се натпреварува против спермата на друг човек.

2. Y громозомот е хромозом кој го прави мажот маж. Секој друг хромозом во телото е комбинација од гените на мајката и таткото, но Y хромозомите не можат да се мешаат. Тоа значи дека Y хромозомот е идентичен на Y хромозомот од таткото, кој е идентичен на оној од неговиот татко итн.

3. Сперматозоидите носат „шлем“ кој им овозможува да ја оплодат јајце клетката. Шлемот се нарекува акрозом. Кога спермата ќе дојде до јајце клетката, акрозомот ослободува хемикалии кои ја топат површината на јајце клетката, за да може сперматозоидот да „навлезе“ во неа.

4. Ако некој е роден без еден тестис или го изгуби во некоја несреќа, може да биде плоден. Во суштина, другиот тестис постои за да го надополни изгубеното. На пример, Ленс Армстронг добил две биолошки деца откако имал рак на тестисите.

5. Во секоја сперма постојат 200 милиони сперматозоиди и сите тие се натпреваруваат да ја оплодат јајце клетката. Тоа е две третини од жителите на САД!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top