| четврток, 6 декември 2018 |

Павлески: Компаниите го чувствуваат подобрувањето на бизинис климата и овој тренд треба да продолжи и во иднина

Извештајот на Дуинг бизнис секако е доста позитивен во однос на компаниите што извршуваат бизнис во Македонија, но исто така е многу важен во однос на привлекување на други останати компании кои одлучуваат каде да инвестираат во светот. Македонија со овој извештај треба да добие многу позитивни резултати во блиска иднина во однос на привлекување други останати странски инвестиции. Она што го укажуваат и компаниите што се во Македонија, како странските така и домашните, дека подобрувањето на бизнис-климата веќе се чувствува, дека овој тренд треба да продолжи и понатаму, истакна министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, одговарајќи на прашањето колку им е важен извештајот на Дуинг бизнис на инвеститорите.

-Важен фактор е, вели Павлески, што Владата им прејудицира доста транспарентни методи во однос на комуникација со разни институции, како што се почнување на градба на објект, добивање на дозвола…

-Она што го укажуваат посебно странските инвеститори е добро што стигнавме на ова ниво, добри се реформите што се спроведени, меѓутоа континуитетот и одржливоста на овој ранг е доста важна во иднина, за секако да бидеме успешни во однос на развивање на самата економија и привлекување на останати инвестиции, рече Павлески, во вестите на Сител ТВ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top