Основното јавно обвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, по добиената кривична пријава за вооружената престрелка во тетовската населба Дреновец.
Оттаму информираат дека во кривично правниот настан што се случил во саботата околу полноќ, учествувале шест лица поделени во две групи кои со пиштоли и ножеви се обиделе да ги расчистат меѓусебните недоразбирања.
Осомничени се четири македонски државјани Љ.И, К.В., М.М. и Р.О кои се товарат дека сториле самостојни кривични дела – Убиство, а во исто време двајца од осомничените К.В и М.М се товарат и за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети условите од Законот за кривична постапка, до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка – Притвор за сите осомничени лица.
Во моментот Љ.И. е на лекување во Клиничката болница во Скопје, а М.М е недостапен на органите на прогонот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.