| четврток, 6 декември 2018 |

Лакот за нокти може да има состојка која влијае на тежината

Лаковите за нокти можат да содржат состојка која може да предизвика хаос во организмот. Според истражувачите на Универзитетот ДУК во 6 од 10 примероци на лак за нокти содржат состојка која е опасна за здравјето на луѓето наречена трифенил фосфат. Оваа состојка позната и како TPHP на лаковите им дава трајност и флексибилност, а исто така се користи и во производството на пластика.
Трифенил фосфатот делува на работата на хормоните, а тестовите врз животните докажале пореметувања во способноста за репродукција. Делувајќи врз нивото и работата на хормоните, оваа состојка може да предизвика дебелење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top