Есен е сезоната во годината во која ноктите на рацете најмногу доаѓаат до израз. Сите ги сакаме есенските бои на нокти, а со облеката обично во есен преовладува правилото „колку потемно, толку подобро“.
Ова се осумте најтрендовски нијанси за лак за нокти.
Валкано розово
Розовата боја во лето е хит. Но, на есен повеќе прилега валкната розова. Разликата е во сивата нијанса.
Нежни металик нијанси
Кога нијанса најмногу одговара на есенската чанта? Металик бронзена.
Темно зелена
Темно зелена е една од ретките нијанси кои означуваат преоден период. Ова е есенска боја, но совршено одговара на вашиот тазе исончан тен.
Темносина
Ако кобалт сината боја во есен ви се чини многу кичеста, тогаш пробајте со нешто потемни тонови, како темносината.
Сива
Ова е една од најпопуларните нијанси за лак за нокти за оваа сезона. Совршена е за сите девојки кои не сакаат силни бои, но сакаат да ги сменат вообичаените неутрални тонови.
Теракота црвена
Црвениот лак за нокти е секогаш во секој период од годината актуелен. Но нијансата темно црвена-кафена е многу трендовска за оваа есен.
Темно виолетова
Нема ништо поубави од нијансата темно виолетова на кратки нокти. Идеална е за секој деловен изглед, но и за викенд-излегување со пријателите.
Светкава црна
За сите обожавателки на светки, светкавата црна нијанса нема да изгледа ниту премногу детинесто, ниту премногу темно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.