| четврток, 6 декември 2018 |

Беавер: Исламската држава не поседува проектили за соборување авиони

ид

Официјален претставник на авиокомпанијата „Метроџет“ изјави дека нивниот авион паднал на Синајскиот Полуостров „ како последица на надворешен удар“, но еден експерт смета дека екстремистите не можеле да го сторат тоа.

Британскиот воен аналитичар, Пол Беавер, изјави дека е сигурен дека „Исламска држава“ не поседува ракетен систем, каков што е рускиот БУК, што би можел да погоди авион на височина од 31.000 стапки

Тој за „Асошиетед прес“ денеска изјави дека тоа е „многу сериозно парче опрема, и не мисли дека тие стигнале до таква софистицираност“.

Беавер изјави дека таквиот систем „бара мноштво добро опремени лица и интегрирана мрежа за противвоздушна одбрана околу нив.

-Едноставно, не можете да дојдете во возилото и да ја испукате ракетата – додаде тој.

Беавер, исто така, изјави дека Синајската пустина е добро надгледувана од разузнавачките агенции, така што секое испалување проектили би било забележано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top