| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Од денеска може да се набави билет за мечот Вардар – Барселона

Иако до големиото дерби меѓу Вардар и Барселона во ракометната Лига на шампиони има уште три недели, од денеска навивачите на Вардар можат да набават билет.
Натпреварите во Лигата на шампионите се во прекин поради ЕХФ-неделата предвидена за репрезентациите, управата на Вардар веќе мисли на следниот натпревар кој го игра на домашен терен на 22.номеври. Во Скопје гостува европскиот шампион Барселона предводена од Кире Лазаров.
Билетите од денеска веќе започнаа да се продаваат по цена од 150 денари за стоење, 250 денари за трибините А1 и Б1, 300 за блоковите 1,2 и 9, додека за централните трибини цената ќе изнесува 400 денари.
Продажбата се одвива преку билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ која работи од 12 до 18 часот и онлајн преку „ticketplus.mk“.
Натпреварот во рамките од осмото коло се игра на 22.ноември со почеток од 17.45 часот и е прогласен за дерби на колото бидејќи се среќаваат двете првопласирани екипи од групата Б.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top